Фото: Општина Бутел

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска го потпиша договорот за изградба на нова поликлиника, со што започнува реализацијата на долгoочекуван проект за жителите на општината.

Новата поликлиника ќе се гради на местото на постојната амбуланта и ќе обезбеди подобар, побрз и полесен пристап до здравствени услуги. Во објектот се предвидени итна медицинска помош, ноќна служба, РТГ кабинет со ехо, лабораторија и аптека.

– Изградбата на новата поликлиника претставува историски чекор за општина Бутел. Ова беше наше предизборно ветување и денес го реализираме. Граѓаните конечно ќе добијат современи услови за здравствена заштита какви што заслужуваат – изјави Костовски.

Тој упати благодарност и до премиерот Христијан Мицкоски за поддршката на Владата во реализацијата на проектот, нагласувајќи дека станува збор за инвестиција која граѓаните ја очекувале со децении.

Од Општината посочуваат дека новата поликлиника ќе придонесе за значително подобрување на квалитетот на здравствените услуги и ќе ги олесни секојдневните потреби на жителите на Бутел.