Екипи на јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје, во текот на изминатите шест месеци, поставија 1.110 нови заштитни столпчиња на градските улици и булевари и санираа 142 заштитни столпчиња што беа оштетени од несовесни граѓани.
Столпчињата како дел од сообраќајната опрема, која редовно ја одржуваат екипите на ЈП „Улици и патишта“, се поставуваат по налог на Град Скопје и се со функција за спречување непрописно паркирање на возилата, како и за зголемена безбедност на пешаците и велосипедистите.
Одржувањето на заштитните столбови и поставувањето нови продолжува на сите сообраќајници во градот каде што ќе има потреба од нивната функција, соопштуваат од ЈП „Улици и патишта“.