Фото: МВР/Фејсбук

Поради одбележувањето на празникот „Воскресение Христово – Велигден“, утре ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во повеќе делови од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што соопштуваат, во периодот од 18:00 часот па до завршување на манифестациите, по потреба ќе бидат затворани делови од централното градско подрачје. Станува збор за булеварите „Партизански одреди“ (од крстосницата со улицата „Франклин Рузвелт“ до булевар „ВМРО“), „Св. Климент Охридски“ (од булевар „Илинден“ до улицата „Димитрие Чуповски“), како и улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ (од улицата „9-ти Мај“ до кружниот тек кај „Св. Кирил и Методиј“).

Од МВР посочуваат дека ќе има измени и во јавниот градски превоз.

– На автобусите што сообраќаат преку мостот „Гоце Делчев“ по потреба ќе им се менува трасата, при што ќе се движат по булевар „Илинден“ и преку улицата „Франклин Рузвелт“ ќе се вклучуваат на „Партизански одреди“, додека автобусите што минуваат низ центарот ќе се пренасочуваат преку „М.Т. Гологанов“ – информираат од МВР.

Посебен режим ќе има и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Во Ѓорче Петров, по потреба ќе биде затворена улицата „Македонска војска“ пред црквата „Св. Петар и Павле“, додека во Аеродром ќе се затвора локалниот пат кон селото Лисиче.

Од МВР додаваат дека, доколку е потребно, ќе бидат затворани и други сообраќајници во близина на верските објекти и апелираат до г