Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен утре во Скопје поради протест, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
Како што соопштија од МВР, протестот е во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија и ќе започне во 12.05 часот пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“.
Според најавената траса, учесниците ќе се движат лево по улицата „Филип Втори Македонски“, потоа десно по „11-ти Октомври“, право по „Димитрие Чуповски“, десно по „Васил Главинов“, продолжувајќи право по булеварот „ВМРО“, а потоа лево по булеварот „Илинден“, сè до Владата на Република Македонија.
Од МВР информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воведување посебен режим на сообраќај на наведените сообраќајници во градот.
Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите и упатствата на полициските службеници на улиците каде што ќе се движат учесниците во протестот.


































