Илустрација / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Во Скопје утре од 9 часот ќе има посебен режим на сообраќајот поради одржување на настан за одбележување на празникот 2 Август.

-Поради одржување на настан за одбележување на празникот 2 Август, утре со почеток во 09 часот па се до завршување на настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното подрачје на Скопје односно за сообраќај ќе биде затворен делот пред зградата на Собранието на РСМ и тоа од бул. „Кочо Рацин“ до ул.„11-ти Октомври“ (кај зграда на Црвен Крст) и крстосницата од „Филип Втори Македонски“ до ул.„Кеј 13-ти Ноември“ –  информираат од Министерството за внатрешни работи.

Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.