Поради најавениот протест на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), попладне во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај, соопшти МВР.
– Денеска (28.1.2026), со почеток во 17 часот, во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе се одржи протест со почеток на траса на движење пред зградата на ССМ на улицата Мирче Ацев, лево по улицата Филип 2-ри Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред Владата. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по горенаведените сообраќајници во град Скопје – се наведува во соопштението.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците на протестот.



































