Фото: Маја Јаневска-Илиева / Илустрација

Утре во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај, поради одржување на атлетска трка на 10 км – „Водно 10К“. Трасата на движење е од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до Манастирот Св.Пантелејмон и обратно.

Трката е во организација на атлетски клуб „Фортиус“, а како што информираат од МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај, Единица за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.