Почина Петре Латиновски, првиот градоначалник на Општина Бутел. Тажната вест на својот фејсбук-профил ја објави актуелниот градоначалник на Општина Бутел, Дарко Костовски.
– За жал вечерва не напушти првиот градоначалник на Општина Бутел, Петре Латиновски. Петре Латиновски е првиот градоначалник на Општина Бутел кој дванаесет години во три последователни мандати ја добиваше довербата од граѓаните. Беше домаќин и работлив човек кој низ дванаесет години како градоначалник остави многу капитални проекти за Општината. Или како што милуваше да рече, „јас работев под земја, на атмосферска и фекална канализација”. За време на третиот мандат на Латиновски бев советник во Општина Бутел, понекогаш имавме различни ставови но сепак научив корисни примери за работењето и ефикасното функционирање на општината. Почивај во мир! – напиша Костовски.