Отворените и затворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар утре ќе работат до 15 часот, катната гаража до 17 часот, а шалтерите за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работи до 15 часот, согласно одлуката на претпријатието. На 1 јануари (сабота) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 3 јануари (понеделник) со вообичаено работно време.
За време на божиќните празници на 6 и на 7 јануари (четврток и петок) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за граѓаните. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 8 јануари (сабота) со вообичаено работно време.
Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи дваесет и четиричасовно за време на празниците.