Мирен протест денеска се одржува пред главната капија на цементарницата Титан Усје, каде граѓани се собраа за да ги изразат своите барања под слоганот „Без Усје полесно се дише“.
Настанот се реализира непосредно пред влезот на фабриката и организаторите симболично го именуваа како „блокада фест“, со што сакаат да испратат порака за, како што наведуваат, потребата од почиста животна средина.
Од иницијативата упатија повик до присутните да го задржат мирниот и достоинствен карактер на протестот.
– Ги повикуваме сите граѓани на одговорно однесување. Да покажеме дека знаеме гласно, но културно да ги искажеме нашите барања – порачаа организаторите.
Според достапните информации, засега нема најави за изменет режим на сообраќај во околината на фабриката.







































