Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија комплетно миење и дезинфекција на сите постоечки садови за исфрлање на отпадот поставени на територијата на градот Скопје.
Миењето и дезинфекцијата се вршеа веднаш по празнењето на контејнерите, со употреба на специјално комунално возило надградено со резервоар во којшто се наоѓа вода и течност за дезинфекција.
ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведе и комплетно миење на микролокациите каде што се поставени контејнерите, со помош на автоцистерни.
Оттаму велат дека активностите ќе продолжат да се одвиваат континуирано, со цел да се подобри хигиената на надземните и подземните контејнери, како и на самите јавни површини, и воедно да се изврши превенција од можното ширење на заразни заболувања.