Јавното претпријатие „Комунална хигиена“- Скопје, преку соопштение информираше дека во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, спровеле активности за собирање на комуналниот отпад од неколку локации во Скопје.
– Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ ЈП „комунална хигиена“- Скопје, спроведе активности за собирање и транспорт на комуналниот отпадот од контејнерите поставени на булеварот „Гоце Делчев“ до хотел ВИП, булеварот „Партизански одреди“, булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улиците Даме Груев и Џон Кенеди, како и на повеќе локации во скопската општина Аеродром – информираа од претпријатието.
Оттаму додаваат дека во рамките на вчерашните активности биле подигнати вкупно 350 тони комунален отпад.







































