Саит Саит денеска е разрешен од директорската функција на јавното претпријатие „Улици и патишта“ и за в.д директор е поставен Ќамил Ковачи, соопшти прес-службата на Град Скопје.
– Ковачи на позицијата доаѓа од местото секретар на општина Сарај, а има искуство во раководење со јавни претпријатија како долгогодишен директор на јавното комунално претпријатие Сарај – се наведува во соопштението.