Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје информира дека од денеска патниците можат онлајн да ја надополнат својата картичка со билети или со парични средства.
Од ЈСП посочуваат дека новата функционалност е достапна преку официјалната веб-страница skopjebus.mk, што овозможува брзо и едноставно надополнување без потреба од посета на продажно место.
– Имаме одлична новина за сите патници. Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ директно преку нашата официјална веб-страница — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути – соопштуваат од ЈСП Скопје.
Постапката е едноставна – корисниците треба да влезат на skopjebus.mk, да ја изберат опцијата „Надополни картичка“, да ги внесат потребните податоци, да одберат дали сакаат билети или средства и да ја потврдат трансакцијата.
Новата услуга е достапна на следниот линк: https://skopjebus.mk/mk/app/cards/load
Со ова, ЈСП Скопје овозможува поголема флексибилност и полесен пристап до јавниот превоз за граѓаните.




































