Фото: Маја Јаневска Илиева

Јавниот превоз во Скопје утре ќе сообраќа по неделен возен ред поради државниот празник „Св.Кирил и Методиј“ – Денот на сесловенските просветители.

ЈСП Скопје соопшти дека за време на викендот, дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот.

Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно време од 10-20 часот, при што од 19-19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.