Разрешен е в.д. директорот на скопската зоолошка градина Кристијан Стаменов, известуваат од Град Скопје и се оградуваат од индивидуално преземените дејствија на директорот.
– Културна, образовна и научна се основните дејности на ЗОО Скопје, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност. Личната одлука преземена од страна на директорот не соодветствува со основните заложби за хумано чување и одгледување на животни и за истото мора директорот да понесе одговорност, поради што истиот се разрешува – се наведува во соопштението на Град Скопје.