Дедомразовска трка 2025 / Фото: МИА

Традиционалната Дедомразовска трка и оваа година го обои плоштадот „Македонија“ со насмевки, радост и вистинска новогодишна магија. Со повеќе од 800 учесници, градот денес пулсираше во празничен дух, а најмалиот учесник, стар само половина годинка, за мене е апсолутниот победник и најубавиот симбол на надежта и иднината, објави на Фејсбук денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека најмладите биле израдувани со новогодишни пакетчиња, додека „Златните славејчиња“ се погрижиле за незаборавна забава, која, како што вели, ги стоплила срцата на сите присутни.

Дедомразовска трка 2025 / Фото: МИА

Градоначалникот им се заблагодарува на поддржувачите на трката, кои, како што наведува, „ја збогатиле новогодишната еуфорија и уште еднаш покажале дека празниците се најубави кога се споделуваат заедно“.

Забавата продолжи и вечерва на градскиот плоштад, каде настапуваат Мијата и диџеј Горан, објави Ѓорѓиевски.

Дедомразовска трка 2025 / Фото: МИА