Фото: Маја Јаневска Илиева

Вистинска зимска бајка ги разбуди денес жителите на Скопје. Утринските часови донесоа бела покривка по улиците и парковите, но и зголемена претпазливост кај возачите. На снегот му се израдуваа најмладите, кои го искористија снегот за игра и забава.

Зимските служби активно работеа на чистење на снегот и нормализација на сообраќајот кој се одвиваше во зимски услови.