Фото: Маја Јаневска-Илиева

Општина Бутел и оваа година обезбеди средства за исплата на еднократна финансиска помош за најранливите категории на граѓани. Финансиската поддршка, како што соопштија од локалната самопуправа, е активност во рамки на програмата за социјална заштита за 2026 година и произлегува од изборната програма на градоначалникот Дарко Костовски, која се спроведува во континуитет пет години.

– Финансиската поддршка е насочена кон сите граѓани кои имаат здравствени проблеми, како и граѓани од сите ранливи категории. Оваа поддршка е многу повеќе од финансиска помош-таа е подадена рака за секој граѓанин и исполнување на дадениот збор. Градоначалникот останува посветен на креирање политики кои обезбедуваат заштита на најранливите категории на граѓани. Финансиската поддршка овозможува создавање на средина за еднакви можности на сите граѓани и потврдува дека предизборното ветување на градоначалникот е обврска што се исполнува – се наведува во соопштението од Општина Бутел.