Емисиите од работата на Цементарница УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон. Од 2007 година, емисиите на Цементарница УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, СО2 и НОx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите, соопштија од Цементарница УСЈЕ.
Додаваат дека производството запира доколку филтрите не работат и оти технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите.
– Цементарница УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на ПМ10 честички во воздухот Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (ПМ10 честички) во кругот на Цементарница УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата. Работењето на компанијата постојано е следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина – наведуваат од УСЈЕ.