Општина Бутел за првпат во своето постоење како општина организира доделување парични ваучери за најдобрите ученици од општинските основни училишта. Беа доделени парични ваучери во вредност од 12.000 и од 10.000 денари за најдобрите ученици. На единаесет првенци на генерацијата во три наставни јазици – македонски, албански и турски, им беа доделени парични ваучери во вредност од 12.000 денари. На основците од петто, шесто, седмо и осмо одделение во трите наставни јазици им беа доделени парични ваучери во вредност од 10.000 денари.
– Како Општина Бутел продолжуваме да вложуваме максимално во образованието и континуирано да се грижиме за најдобрите ученици. Потенцирам дека учениците се наша гордост, па оттаму, наша должност е да го почитуваме нивниот труд – истакна Дарко Костовски, градоначалникот на Општина Бутел, кој им ги додели стипендиите на најдобрите ученици.