По повод 13 Ноември – Денот на ослободување на градот Скопје, делегации од повеќе институции оддадоа почит на паднатите борци.
Цвеќе беше положено на Партизанските гробишта во Бутел и на Алејата на великаните на гробот на генерал Михајло Апостолски.
На чествувањето присуствуваа претставници од Сојузот на борци, од Градот Скопје предводена од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, претставници од Собранието и Владата на Република Северна Македонија, од кабинетот на претседателката, Армијата на Република Северна Македонија, како и од Црвениот крст.
На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација, означувајќи го почетокот на новата историја на слободно Скопје.

























































