СВР Скопје известува дека денеска со почеток во 11 часот, поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
– Протестот е предвидено да започне пред зградата на ССМ на улицата Мирче Ацев, со движење лево по улицата Филип Втори Македонски, десно по улицата 11 Октомври, право по улицата Димитрие Чуповски, десно по улицата Васил Главинов, право по булеварот ВМРО, лево по булеварот Илинден, до пред Владата – соопшти МВР.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.