Без вода утре од 7 часот ќе бидат корисниците од објектите МАНУ, Основен суд 2, Младинскиот културен центар, Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски “- Скопје, Универзитетот Св. „Кирил и Методиj”, ТЦ „Мавровка“, дел од скопската чаршија, Саат-кула, ул. „Отокар Кершовани“, Адвокатската улица и дел од бул. „Крсте Мисирков“.
Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдување е поради дефект на водоводна линија на бул. „Крсте Мисирков“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.




































