Откако приватните превозници најавија дека утре своите возила ќе ги паркираат пред централата на ЈСП, јавното претпријатие своите автобуси чии линии тргнуваат од централата во Автокоманда ги префрли во Транспортниот центар под Железничка, објави телевизијата „Телма“.
Приватните превозници тврдат дека не наплатувале билети во автобус, утре ќе протестираат пред ЈСП
Градоначалничката Данела Арсовска денеска обвини дека приватните превозници цели пет години не пријавиле ниту еден продаден билет.
Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, рече дека приватните превозници не продавале билети.