ЈП „Водовод“ утре ќе започне со чистење и хлорирање на резервоарот Ракотинци.
Како што информира Центарот за управување со кризи, работите ќе започнат во 9:00 часот и ќе траат до нивно завршување. Можен е мал прекин на водоснабдување во селото Ракотинци, општина Сопиште.