Градоначалникот на Oпштина Центар, Саша Богдановиќ, ги потпиша барањата за реконструкции на уште седум улици во Oпштина Центар. Со потпишувањето ќе започне спроведување постапка за јавна набавка, која се однесува на реконструкции на седум општински улици.
Овие реконструкции се дел од големата летна градежна офанзива на Општина Центар, која на крајот на летото, односно почетокот на есента, предвидува да бидат обновени вкупно 37 улици во општината.
– Барањата за реконструкција ги опфаќаат следните улици: Петар Поп Арсов (нов горен и долен слој на асфалт на површина од 2.959 квадратни метри и нови тротоари со рабници во должина од 591 метар); Рајко Жинзифов (нов горен и долен слој на асфалт на површина од 2.796 квадратни метри и нови тротоари со рабници во должина од 400 метри); Дебарца (нов горен и долен слој на асфалт на површина од 1.286 квадратни метри и нови тротоари со рабници во должина од 257 метри); Партизанска (нов горен и долен слој на асфалт на површина од 632 квадратни метри и нови тротоари со рабници во должина од 180 метри); Ристо Шишков (нов горен и долен слој на асфалт на површина од 2.268 квадратни метри и нови тротоари со рабници во должина од 378 метри); Црвена Вода (нов горен и долен слој на асфалт на површина од 1.286 квадратни метри и нови тротоари со рабници во должина од 257 метри) и Јордан Хаџи Константинов-Џинот (нов горен и долен слој на асфалт на површина од 1.448 квадратни метри и нови тротоари со рабници во должина од 413 метри) – велат од Oпштината.
Оттаму додаваат дека со реконструкциите на овие улици ќе се подобри одвивањето на сообраќајот во општината, ќе се намали сообраќајниот метеж и ќе се зголеми безбедноста на пешаците, велосипедистите, корисниците на алтернативни средства за транспорт и preостанатите учесници во сообраќајот.
– Општина Центар продолжува со интервенциите на уличната мрежа во летните месеци, со што крајната бројка за овој период, заклучно со почетокот на есента, ќе изнесува 37 обновени улици, а во согласност со планот за работа, наредни за реконструкција се улицата Елисие Поповски-Марко и улицата Мирослав Крлежа – информираат општинските власти.