2020 Во спортски дух, подготвени за еден различен ден исполнет со ведри и насмеани лица, подготвени зa добра трка, претставниците на ЈП Водовод и канализација – Скопје и оваа година беа дел од Виз Ер Скопски Маратон 2020.
Доказ дека во спортот нема граници е тимот на ЈП Водовод и канализација – Скопје кој е составен од претставници од раководниот тим, но и претставници од оперативните сектори, кои со заеднички и сплотени сили трчаа до целта. Тимот на ЈП Водовод и канализација – Скопје е составен од две екипи кои беа дел од штафетниот маратон и еден претставник на полумаратонската трка.
– Повеќепати досега, покажавме дека имаме големо срце, дека сакаме и делуваме во насока на создавање на едно поодговорно општество, дека нашата солидарност и општествена одговорност ја покажуваме со дела кои најдобро можат да зборуваат за нас. Денес, уште еднаш покажавме дека имаме голем и силен спортски дух.
Предводени од мотото #ТрчањетоЌеТеПромени, заедно со колегите, со здружени сили и позитивна енергија трчавме кон целта, но нашата цел не беше висок пласман, туку поставување на позитивни примери за позитивни промени во секојдневието на секој еден од нас во нашето општество. – истакна Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.