Перформанс на Александрос Стаматиу
Независниот фотограф Алекдандрос Стаматиу денес исфрли десетина шишиња во Вардар од Камениот мост во Скопје, симболично испраќајќи ги во родната Грција преку водите на реката. Со овој перформанс Александрос Стаматиу ја продолжува идејата на неговиот другар, прерано починатиот уметник Мирослав Стојановиќ – Шуки.
Мултимедијалниот уметник Мирослав Стојановски – Шуки фрли 100 шишиња со пораката „I will sick your waters“ од истото место, пред 12 години.
– Пред десетина години оваа акција беше една прозаична мисла на Шуки, и јас сега сакам да ја продолжам. Шуки имаше порака во шишињата, но јас веќе немам зборови, зборовите си отидоа. Ова има голема симболика. И тогаш, и сега, границите треба да бидат отворени. Незадоволен сум од глобалната состојба меѓу државите – изјави Стаматиу.
Тоој има 35-годишно работно искуство како воен фоторепортрер, а во Македонија живее и работи 25 години.
Мирослав Стојановиќ – Шуки (1963 – 2018) е академски сликар, мултимедијален уметник, активист и борец за слобода и демократија. Оние што го познаваа го паметат по оригиналната смисла за хумор и благост.
Дипломирал во 1990 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Реализира повеќе самостојни изложби во Македонија и учествува на бројни групни изложби во земјава и во странство. Членувал во групата ЗЕРО и бил долгогодишен член на Извршниот комитет на Цивил и директор на организациската единица за општествено-политички одговорна и критичка уметност и култура Цивил Арт. М.Ј.И.