Денеска пазарџиите од Зеленото пазарче во Скопје ќе излезат на предупредувачки штрајк и тезгите ќе останат заклучени во текот на целиот ден поради зголемувањето на цените за изнајмување на тезги и поради тоа, како што велат, што не им се подобрени условите во коишто работат.
Од таму велат дека ценовниците предвидуваат поскапување и ако досега било наплаќано за тезга 50 или 100 денари, сега се пристапува кон наплаќање на дневен закуп од 250 денари. Исто така укината е и резервацијата во зимскиот период и сега закупците треба да платат цел износ однапред од 5250 денари.
Цената за дневен закуп на тезга е зголемена, а исто така неисплатлив бил и месечниот закуп од 2.500 до 7.000 денари.