Комуналните служби на општината Чаир деновиве интензивно работат на чистење на улиците од комунален смет и тоа во населбите Топанско Поле, Топаана и Дуќанџик. Иако службите редовно си ги извршуваат обврските и ги метат јавните површини за кои се задолжени, тие повторно осамнуваат валкани и полни со смет. Надлежните од Чаир апелираат граѓаните повеќе да се грижат за животната околина и да не фрлаат ѓубре насекаде.
Комуналните служби на Чаир чистеа на улиците Ѓорѓи Поп Христов, Август Цесарец, потоа на Никола Малешевски и на Методија Mитевски, главната сообраќајница во населбата Топанско Поле. Изметени беа и улиците Азем Хајдари и Прохор Пчињски во населбата Дуќанџик, а беше исчистено и ѓубрето од улиците Славеј Планина, Максут Садик и на улица 376 во населбата Топаана.