Завршува реконструкцијата на крак на улицата Питу Гули на Водно, при што се поставени 560 метри нови рабници, нови тротоари и 2.100 метри квадратни нов асфалт во два слоја..
– Со ова ќе се реши долгогодишниот проблем со површинските води што се сливаат од падината на Водно. Сега водите се пренасочуваат и нема да се создаваат вирови и поткопување и пропаѓање на асфалтот. Со поставениот нов асфалт ќе се намали и лизгањето во зимскиот период кога има снежни наноси, информира општина Центар.