Општината Ѓорче Петров заврши голем инфраструктурен зафат, кој предвидуваше целосно оградување на училишниот двор на основното училиште „Димитар Поп Георгиев-Беровски“. Целта за поставувањето ограда околу училиштето е, пред сѐ, за поголема безбедност на училишниот објект и, секако, на учениците. Поставена е заштитна метална ограда во височина од два метра и должина од 340 метри. Покрај главната влезна врата, поставени се уште две, пред влезот на градинката и лизгачка врата кон улицата Алексо Демниевски. Надлежните од општината велат дека сите три врати ќе се заклучуваат во попладневните часови.
– Реализиравме инфраструктурен зафат за поголема безбедност на оваа образовна институција. Целосно го оградивме основното „Димитар Поп Георгиев-Беровски“. Со поставувањето на оградата ќе се зголеми безбедноста за учениците и ќе се превенира појавата на девијантно однесување во вечерните часови – изјавија од општината Ѓорче Петров.