Пожарот што избувна вчера околу 11.30 часот кај Пинтија е целосно изгаснат, информираа утрово од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.
Пожарот ја зафати деградираната шума во близина на населбата. Гореше нискостеблеста шума и сува трева.
Во гаснењето на огнот беа вклучени и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување кои направија два прелета и фрлија вода кон Сопиште, каде се ширеше пожарот.
Од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје исто така информираа дека во моментот нема активни пожари на територија на градот.