Ученик во основното училиште „Владо Тасевски“ во Карпош бил заразен со шуга. Од Центарот за јавно здравје направиле прегледи во одделенијата при што е констатирано дека кај други ученици нема шуга.
Општина Карпош информира дека се преземени мерки на дезинфекција и дезинсекција за целосна заштита на учениците за да се спречи ширење на заразата во просториите на училиштето.
– Известени се и матичните лекари од подрачјето на населбата Козле, кои преземаа мерки за интервентни прегледи на останатите ученици. Во овие моменти состојбата е стабилна и нема нови случаи на појава на шуга кај други ученици – наведува Општината во соопштението.