Утре во 10:30 часот во Рајски парк, Општина Аеродром, Скопје ќе бидат посадени дрвjа. Настанот е дел од Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан која е имплементирана во партнерство со Секретаријатот на енергетската заедница.
Присутни на настанот ќе бидат: Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР во Северна Македонија, Дејвир Гир, Амбасадор на Делегацијата на Европска Унија, Георг Вуцас, Амбасадор на Австрија Данела Арсовска, Градоначалник на Скопје и Високи претставници на: Шпаркасе Банка, НЛБ Банка, ПроКредит Банка и Комерцијална Банка Програмата за зелена економија за Западен Балкан основана од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), е ко-финансирана од Европска Унија, Австриското Федерално Министерство за финансии и билатералните донатори на Инвестициската рамка за Западен Балкан.
Успехот на Програмата се потпира на силната соработка помеѓу локалните партнерски финансиски институции на ЕБОР и локалните продавачи.
За помалку од четири години, над 9.000 домаќинства од Западен Балкан инвестираа околу 45 милиони евра во технологии на заштеда на енергија, благодарение на Програмата за зелена економија за Западен Балкан.