Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Кисела Вода Чучер Сандево и Студеничани.
Во периодот од 08:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улиците Полог и Зеленгора, во општина Кисела Вода, од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од ул. „Антон Димитров“ во Драчево, општина Кисела Вода.
Без струја од 08:45 до 15:00 часот, ќе бидат корисниците од дел од селата Кучевиште, Побожје, дел од Љубанци, Бродец, Танушевци и Брест, во општина Чучер-Сандево.
Од 09:00 до 15:00 часот, прекин во снабдувањео со струја ќе имаат корисниците од село Батинци ул. „4“, „6“ и „7“ во општина Студеничани.