Без вода утре од 9 часот ќе останат корисниците од улицата Козле од број 1 до број 55 (само непарните броеви) во Општина Карпош.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водсонабдување е поради уличен дефект од Ф 80 мм и ќе трае се до санирање на истиот.