Општината Карпош почна со акција за замена на старото со ново зеленило, но и садење нови дрвја, а вчера веќе започна да сади нови украсни растенија во околината на трговскиот центар „Лептокарија“. Според планираното, со акцијата треба да бидат засадени 400 нови украсни растенија само околу трговскиот центар во Карпош 3. Во тек е садењето нови украсни растенија од типот купресус, илекс, буксус, јуниперус, лаванда и ацер.
– Со овие нови растенија ќе се збогатат предниот, средишниот и задниот дел на „Лептокарија“. Наедно општината во изминатиов период ги зголеми и површините со зеленилото во Криви Дол, околу инклузивното игралиште во Влае 2 и Порта Влае – информираат од Карпош.
Надлежните оттаму ги повикуваат сите граѓани и субјекти да водат сметка за заштита на животната средина.