За утре (19 февруари), понеделник (22 феввруари) и вторник (23 февруари) во периодот од 14 до 17 часот во Скопје е најавен протест организиран од страна на сопствениците на ресторани за организирани настани, претставници на фотостудија и музички бендови, информираат од МВР.
Протестот е планиран на крстосницата меѓу булеварот Александар Македонски, улицата 16-та Македонска бригада и улицата Интернационални бригади.
Поради тоа, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на овие сообраќајници.
Воедно, од ресорното министерство апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Сопствениците на рестораните за свадби, крштевки и други веселби бараат Владата да ја укине забраната за нивна работа и да донесе протокол за вршење на нивната дејност пред сезоната за венчавки.
Тие апелираат до Владата да не ги држи во неизвесност илјадниците младоженци и оваа сезона, како и претходната.