Пожарот кај селото Љубин, општина Сарај е се уште активен, но според последните информации локализирана е повеќе од 60 отсто од површината којашто беше зафатена.
Екипите на Противпожарната единица на Град Скопје се на терен и се обидуваат да го изгаснат огнот кој зафати трева и борова шума.
Пожарникарите апелираа граѓаните да бидат внимателни на отворен простор.