Општина Кисела Вода, преку соработката со бизнис-заедницата од овој дел на Скопје и Црвен крст-Кисела Вода, почна нова акција за помош на социјално загрозените лица. Акцијата почна вчера и до крајот на неделава ќе бидат дистрибуирани сто пакети со храна, пијалаци и средства за хигиена. Помошта ја обезбеди Општина Кисела Вода, преку соработката со општествено одговорните компании, кои и досега многупати им излегувале во пресрет на своите сожители од социјално ранливите категории.
– Потсетуваме дека во насока на правилно спроведување на мерките и препораките за заштита, превенција и спречување на ширење на коронавирусот, Општина Кисела Вода заедно со општинската организација на Црвениот крст обезбеди мобилни тимови што им помагаат на ранливите категории граѓани за време на полицискиот час – велат од Општина Кисела Вода.