Државниот студентски дом ја информира јавноста дека бладодарение на донација, во текот на вчерашниот ден (14 јануари) обезведена е доволна количина на екстра лесно масло, за затоплување на студентите сместени во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје.
Со тоа е надминат проблемот, кој како што информираат надлежните, настанал поради технички причини.
Директорот на Државниот студенски дом, Виктор Велевски, во соопштението изразува благодарност до компанијата „Галф Оил“, која го обезбедила маслото за греење.