Детска журка Априлијада – „Скопје се смее“ за сите училишта, градинки, деца, тинејџери и граѓани на град Скопје се одржува денеска на плоштад „Македонија“.
Априлијадата ја организираат Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје.
На априлијадата учествуваа и децата со Даунов синдром од Трисомија 21 кои освојуват многубројни награди и врвни признанија во својата категорија.
Плоштадот е поделен во неколку зони каде има разни активности за посетителите, а журката се состои од забава со маски, песни, игри, модерен балет и останати секции на ДКЦ „Карпош“, Златно славејче, танцови групи од основните училишта и фотографирање на голем фото ѕид заедно со супер хероите: Спајдермен, Ајронмен, Супермен, Бетмен.
Бонус забава ќе има од 16.00 до 19.00, исто така на плоштадот со младите таленти: Мина Блажев, Елита Зибери и Лина Пејовска, како и еминентните музички уметници: Александар Митевски, Арбен Бени Шаќири и музичкото училиште „Music House“. Забавата продолжува со ди-џеј Ампов за сите „големи деца“ од 17.00 часот на Плоштад Македонија.