Главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, со денови е на врвот на листата на градови со најнеквалитетен воздух. Ситуацијата не е многу подобра и кога станува збор за другите градови од поранешна Југославија.
Пред три дена Сараево беше најзагадениот град на планетата со индекс на загадување дури 597.
Овој факт влијаеше многу активисти и обични граѓани да реагираат, па дури и шведската амбасада во Босна на Твитер наведе дека Сараево се наоѓа во сопствена категорија на загадување. Амбасадата повика на итна акција.
На интернет-страницата „Ервижуал“ може да се следи состојбата со загадувањето од час на час. Скопје во моментов го зазема 26-то место на најзагадени главни градови во светот.
Словенија и Црна Гора се речиси целосно во зелената зона, така што Љубљана и Подгорица не се на списокот.