Во чест на нашиот долгогодишен редовен соработник Данило Коцевски, вистинската скопска легенда, кој неодамна физички нѐ напушти, Редакцијата „Нова Македонија“ реши во наредниве неколку месеци да ги реобјави најчитаните текстови од неговите „Скопски легенди“.
Изборот на текстовите го направи Редакцијата, во соработка со читателите. Токму о нивно име, се решивме за реобјавување на оние репортажи кои беа најчитани на страниците од весникот, но и на нашиот портал, или пак беа најкоментирани. Идејата ни е на тој начин да продолжи да живее со нас и меѓу нас нашиот неуморен, неповторлив, скопски хроничар, колега и другар Данило Коцевски. Неговите уникатни записи за Градот што го сакаше продолжуваат да живеат, како и градот што продолжува да живее и копнее за него.
Серијата текстови „Скопски клегенди и Данило“ читајте ја во печатеното издание на „Нова Македонија“, во редовната рубрика во викенд изданието, како и на нашиот веб-портал.