Скопската зоолошката градина наредниов период ќе стане побогата за уште неколку нови жители. Прв ќе се населат белоносести коати, а според најавите од надлежните тие ќе пристигнат во мај и јуни. Со нив треба да пристигне и морска лавица, а таа нема да дојде сама туку во придружба на морскиот лав Кан. Летово зоолошката ќе стане дом и на нови лавови, еланд-антилопи, зебри и нови птици.
Скопјани веќе добро знаат дека зоолошката градина постојано се подновува со нови животни, а веќе има и нови младенчиња на постојните станари на градината. Токму најмалите го предизвикуваат вниманието на децата, но и на возрасните.