Во скопската Зоолошка градина утре официјално се отвора „Заливот на пингвините“.
Од ЗОО на официјалната страница на Фејсбук информираа дека од утре посетителите ќе може да ги запознаат деветте пингвини од Италија и од Русија.
Отварањето на „Заливот на пингвините“ првично беше закажно за вечерва, но поради дождот одложено е за утре.