Сите јавни претпријатија, Противпожарната бригада и сообраќајната полиција со сиот свој човечки потенцијал се на скопските улици во заеднички напори да се отстранат проблемите во најбрзо време, информираат градските власти.
Во моментов екипите на Градскиот штаб за заштита и спасување приоритетно работат на расчистување на булеварите и градските улици, а потоа се продолжува со помалите општински улици. Се очекува поголемите проблеми да бидат отстранети во текот на денешниот ден.
Град Скопје ги повикува граѓаните на трпение и на помош на јавните претпријатија за отстранување на проблемите во градот.