Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска се сретна со претставници на трите репрезентативни синдикати на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП).
Како што се наведува во соопштението, на средбата се разговарало за проблемите со кои секојдневно се соочуваат вработените во јавното претпријатие и за нивно итно решавање, како што е недостигот на квалитетни возачи, одржување на работилницата и проблеми поврзани со другите сектори.
Станало збор и за конкретни преговори за правата на вработените, правилна распределба на платите, нови редовни вработувања, како и за потпишување нов Колективен договор.